Делови од Центар, Чаир и селата Мирковци и Батинци утре без струја
Корисниците од зградата од блок 12 на улицата „Васил Главинов“ во Општина Центар утре од 12:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 10:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Црвена Вода“, а од 8:30 до 11:30 часот корисниците од зграда од блок 20 на улицата „Васил Главинов“ бр. 3 во Општина Центар.
Во периодот од 9:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Самоилова“ со бр. 8 и бр. 10, поранешната фирма Рубин Кармин и Фондацијата „Центар за исламска цивилизација“ во Општина Чаир, од 9:00 до 14:30 часот корисниците од дел од село Мирковци, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од село Батинци.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба

