Делови од Центар, Ѓорче Петров и Шуто Оризари утре без струја

Од 8.30 до 11.30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците на ресторани, кафулиња и сендвичарници на плоштадот „Македонија“, дел од корисниците зад порта „Македонија“, како и корисниците од зградата „Пелистер“.
Во периодот од 8.30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Метохиска“ и „Гвадалахара“, како и дел од корисниците од улицата „Индира Ганди“ кај Џиди Комерц во општина Шуто Оризари.
Корисниците од улицата „Вера Циривири-Трена“ во општина Ѓорче Петров ќе бидат без струја од 9 до 11 часот.
Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“ и „Роза Луксембург“, како и дел од корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.6 во општина Центар.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
