Делови од Центар, Кисела Вода, Карпош, Сарај и Зелениково утре без струја
Од 8 до 9 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Рајко Жинзифов“ и „Владимир Полежановски“ во општина Центар.
Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Герника“, подулици бр. 2, 4, 6, 8 и 10 во општина Кисела Вода, а од 9 до 11 часот корисниците од улиците „Пресека“, „Извор“, „Бабуна“ и „Клепа“ во општина Карпош и корисниците од улицата „Иван Милутиновиќ“ бр. 21-б во општина Центар.
Корисниците од селата Добрино и Дејковец во општина Зелениково ќе бидат без струја од 9 до 14:30 часот.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Бојане и Копаница во општина Сарај, а од 10 до 13 часот корисниците од улицата „Добромир Хрс“ бр. 36, бр. 49 и бр. 54 во општина Кисела Вода.
Без снабдување со струја од 11 до 13 часот ќе бидат корисниците од улицата „Македонија“ бр. 22 во општина Центар.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник