Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Корисниците од селата Ајватовци, Бунарџик и Кадино во општина Илинден утре од 6:15 до 7:30 часот ќе останат без електрична енергија.
Во периодот од 6:30 до 8:30 часот без струја ќе биде комплексот факултетити на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, а од 8:30 до 9:30 часот корисниците од улицата „Самоилова“ бр. 150 во општина Центар.
Без струја од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Баница“ во општина Кисела Вода и корисниците од улицата „Лука Геров“ подулици бр. 8,10, 12 и 18 во општина Ѓорче Петров.
Од 9 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Тодор Александров“, од делот од Тасино чешмиче до ОУ „Кочо Рацин“, а од 9 до 11 часот корисниците од село Горно Нерези, објектот на Домот - Даре Бомбол и жичарницата - Средно Водно - Милениумски Крст.
Во временскиот период од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Партение Зографски“ бр. 44, 46 и 48, корисниците од булеварот „Тодор Александров“ бр. 5, 7 и 9 во општина Центар, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Пелагонија“, „Злетовска“, „Брсјачка буна“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари.
Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
