Демант на МЗ: Лага е дека Клексанот не е на позитивната листа лекови
Министерството за здравство најостро ги демантира наводите на пратеникот на опозициската партија Антонио Милошоски објавени на социјалните мрежи дека - лекот Клексан не е на позитивната листа на лекови. Жалиме што народниот избраник наместо одговорност кон своите избирачи, поддржувачи и воопшто граѓаните на Република Македонија избрал да манипулира со нив.
Клексанот е болнички лек. Лага е дека лекот Клексан не е на позитивна листа лекови. Истиот се дава исклучиво под надзор на медицинско лице, во присуство на лекар или медицинска сестра. Лекот Клексан може да се купи и од аптека со рецепта препишана само од специјалист, а потоа парите ФЗО РМ ги рефундира.
Поради ковид пандемијата, зголемена е потрошувачката на Клексан насекаде во светот, така и кај нас и тоа за три пати повеќе од вообичаеното користење на оваа антикоагулантска терапија. Од таа причина со месеци наназад, компанијата која врши увоз на лекот резервираше поголеми количини и тие се дистрибурани до сите болнички установи. Во меѓувреме, онаму каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Криза во смисла на недостаток на Клексан нема, туку зголемена потрошувачка. Освен Клексан постои и друга антикоагулантна терапија која е на позитивната болничка листа лекови и за истата ФЗО РМ парите ги рефундира.
Клексан и Ксарелто се два различни лека, иако Милошоски од за него само познати причини ги пишува како еден лек.
Што се однесува до набавката на вакцините, пратеникот Милошоски знае дека со оглед на глобалната побарувачка на вакцини против корона вирусот, сите земји во светот се соочуваат со недоволни количини вакцини за вакцинација на целата популација. Но, свесно лаже и обвинува. Милошоски како поранешен министер за надоврешни работи и актуелен претседател на собраниската комисија за надворешна политика многу добро ги знае приликите и водењето преговори со земјите од ЕУ. Милошоски знае и е свесен дека единствена причина поради која нашата земја не доби помош од европските држави кои ветија вакцини за нас од дозите кои ќе ги набават за сопствените земји е поради недоволната испорака на вакцини и кај нив. Сепак и покрај овие факти пратеникот одлучи да шири лаги по социјалните мрежи и да ги доведува во заблуда граѓаните на штета на нивното здравје и правејќи штета на целокупниот здравствен систем.
Министерството останува посветено во менаџирање на ковид кризата и здравствениот систем во најдобар интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Поопасно од секоја криза е моментот кога народ ќе престане да верува во себе
-

Андоновски од Смилево: Илинден е меѓник според кој се мери како се однесуваме како народ кога времињата стануваат тешки
-

Мицкоски: Секоја генерација има свој Илинден, нашата со задача да ја зачува државата
-

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени
-

Струмички пожарникари спасиле мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“
-

Пожарот во централна Грција што се прошири и во областа Атика сè уште активен – уапсени две лица и изгорени над 6.500 хектари
-

Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден
-

Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднина
