Демант од МЗШВ на прес-конференцијата на СДСМ
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги демантира наводите изнесени на прес-конфернцијата на СДСМ од страна на Љупчо Николовски.
- СДСМ и Љупчо Николовски продолжува да ја манипулира и вознемирува јавноста во обид да добие ситни политички поени користејќи ја маката со која се соочуват сточарите, без ни малку грижа за нив, стои во демантот.
Во соопштението се наведува дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство напорно и континуирано работат на спречување на ширењето на болеста „јазлеста кожа“ кај говедата и во согласност со протоколите на Светската здравствена организација за здравствена заштита на животните сите итни и неопходни физичко-технички мерки, во смисла на изолирање на болните животни, нивното не штетно отстранување, поставување на бариери за дезинфецкија и формирање на заштитни зони беа веднаш преземенеи и беше спречено неконтролирано ширење на болеста.
Министерството и Агенцијата навремено ги преземаат сите неопходни мерки и успеаја, како што наведуваат, навремено да го спречат ширењето на болеста и да интервенираат, што е доволен доказ дека институциите на Република Македонија функционираат професионално и во пресрет на сточарите.
- Остануваме фокусирани на напорот за справување со болеста од која што стравува цела Европа и апелираме да не се создава паника поради ситни и лични интереси. Исплатата на штетите кон сточарите веќе се подготвува и по теренските и административни контроли ќе бидат реализирани во законскиот рок од 90 дена, односно се прават напори да бидат исплатени и пред тој рок, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника