Демократите и републиканците не се договорија за лимитот на долгот, САД под закана од технички банкрот
Републиканскиот лидер Кевин Мекарти соопшти дека на средбата со претседателот Џо Бајден не е постигнат договор за јавниот долг на САД.
-Нема напредок, изјави претседателот на Претставничкиот дом по напуштањето на Белата куќа, каде што еден час разговараше со Бајден, кој е од редовите на Демократите и челниците на Конгресот.
Двете страни треба повторно да се сретнат в петок за да разговараат за ова чувствително прашање, додаде тој.
Демократите и републиканците не успеваат да се договорат за зголемување на плафонот на јавниот долг на САД, што е неопходен законски потег за најголемата светска економија да продолжи да ги плаќа своите обврски, своите службеници и своите доверители.
По напуштањето на состанокот, лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер го обвини Кевин Мекарти дека горната граница на задолжувањето ја држи како „заложник“, бидејќи подигање на плафонот на долгот го условува со намалување на трошоците.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера повтори дека неплаќањето на американските финансиски обврски „не е опција“, по состанокот со конгресните лидери за ова прашање.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
