Свет
21. December 2017 - 9:14

Демократот Франкен го напушта Сенатот по обвиненијата за сексуално вознемирување

Демокреатскиот сенатор Ал Франкен официјално ќе го напушти Сенатот на САД на 2 јануари.

Претходно, 66-годишниот Франкен вети дека ќе поднесе оставка поради обвиненијата за сексуално вознемирување.

Тој е еден од серијата влијателни мажи во САД кои ги загубија своите позиции поради таквите обвиненија.

До неодамна тој се сметаше за „ѕвезда“ на Демократската партија, но одлучи да поднесе оставка по притисокот од неговите колеги демократи во Сенатот по откривањето некои факти за негово непристојно сексуално однесување. Тој негира дел од изнесените обвинувања.

Минатата недела  гувернерот на Минесота Марк Дејтон, исто така демократ, ја назначи својата сопартијка и заменичка Тина Смит да го замени Франкен во Сенатот до крајот на неговиот мандат. 

Смит (59) најави дека ќе се кандидира за редовен сенаторски мандат на изборите во ноември следната година.