Демократот Франкен го напушта Сенатот по обвиненијата за сексуално вознемирување
Демокреатскиот сенатор Ал Франкен официјално ќе го напушти Сенатот на САД на 2 јануари.
Претходно, 66-годишниот Франкен вети дека ќе поднесе оставка поради обвиненијата за сексуално вознемирување.
Тој е еден од серијата влијателни мажи во САД кои ги загубија своите позиции поради таквите обвиненија.
До неодамна тој се сметаше за „ѕвезда“ на Демократската партија, но одлучи да поднесе оставка по притисокот од неговите колеги демократи во Сенатот по откривањето некои факти за негово непристојно сексуално однесување. Тој негира дел од изнесените обвинувања.
Минатата недела гувернерот на Минесота Марк Дејтон, исто така демократ, ја назначи својата сопартијка и заменичка Тина Смит да го замени Франкен во Сенатот до крајот на неговиот мандат.
Смит (59) најави дека ќе се кандидира за редовен сенаторски мандат на изборите во ноември следната година.
Ново на Сител
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија
-
Со кран се евакуираат станари од покривот на зградата во Чаир | ВИДЕО