Демократски сојуз: Политичка и кривична одговорност за монструозното злосторство на Онкологија
Демократскиот сојуз бара политичка и кривична одговорност од „мултиетничката“ Влада поради загрозување на животот на голем број пациенти во Клиниката за онкологија, со кражбата на терапијата и нејзиното продавање на црниот пазар.
Оваа состојба е резултат на неодговорното владеење на ДУИ и СДСМ, јавашлукот и партиските кадри кои се заштитени од водствата на двете владеачки партии.
Кривична одговорност мора да сносат сите што биле вклучени во овие грозоморни „убиства“ на пациентите, но без политичка одговорност на премиерот и министрите, ваков вид злосторства и натаму ќе се повторуваат.
Демократскиот сојуз јавно ги прашува МВР, АНБ, Финансиската полиција и другите надлежни институции - до кога ќе чекате медиумите да го откриваат криминалот од функционери на партиите од власта?!
Треба да се охрабрите и криминалот да го сосечете во корен, во спротивно ќе останеме без држава.
Демократскиот сојуз ги поддржува граѓанските протести и бара одговорност од сите вклучени во овој криминал без преседан.
Ново на Сител
-

Решение за превозниците е склучување билатерални договори
-

Трет состанок на министрите за животна средина од Западен Балкан за Зелената агенда
-

Стомачни вируси се уште ги “мачат” децата поради високите темперaтури
-

Започна штипската „Пастрмајлијада 2026“
-

Артан Груби и Перпарим Барјами прв пат заедно во судница – продолжува судењето за Лотарија
-

Во Прилеп одбележани 84 години од Дабничкиот масакр кога бугарскиот фашистички окупатор уби 18-мина кај с. Дабница
-

Младите недоволно се интересираат за сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
