Демократско движење: ДУИ е ортак на бизнисот со казина

По денешниот обид на претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми од редовите на ДУИ, тајно да го внесе на дневен ред предлог-законот за изменување и дополнување на законот за игри на среќа, со остра реакција се појави пратеникот и претседател на Демократско Движење, Изет Меџити.
Правите бесплатен театар, да не ја отворевме јавно оваа тема како албанска опозиција, аферата за 4 нови ланци за интернет игри на среќа, немаше ни со прст да мрднете за законските измени кои се закочени 6 месеци во Собранието', изјави Меџити.
ДУИ, вели Меџити, е ортак на бизнисот со казина и преку онлајн игрите на среќа ги внесе казината во нашите домови, со единствена цел да се збогатат.
До каде оди вашата алчност за пари? Тендерите не ви беа доволни, па сега сакате да го исцедите и последниот денар од граѓанит, кои што ги донесовте на маргините на постоењето“, рече Меџити.
Претседателот на Демократското движење, го нарече смешно растојанието од 500 метри од училиштата и верските објекти и најави дека ДД ќе поднесе амандман сите казина да бидат на 3 километри од населените места.
Демократско движење
Ново на Сител
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
