Демонстрации во Тел Авив и нов повик за ослободување на заложниците, на 400-от ден од нападот на Хамас
Стотици луѓе се собраа синоќа на протест пред штабот на израелската армија во Тел Авив, барајќи договор за ослободување на заложниците во Газа и на одбележување на 400-от ден од нивното киднапирање, на 7 октомври минатата година.
Израелските медиуми јавуваат дека синоќа имало нешто повеќе демонстранти од претходните саботи, а тоа е прв настан по спонтаниот протест во вторникот, кога се дозна за разрешувањето на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, кој се залагаше за договор за прекин на огнот во Газа за ослободување на заложниците.
Демонстрантите поставија голем транспарент на пешачкиот надвозник на кој пишуваше: „Зошто се уште се во Газа? 400 дена“, а на улица порака од картонски писма: „400 дена – срам за Нетанјаху“, израелскиот премиер кој го смени министерот за одбрана.
Околу 500 луѓе се собраа на плоштадот „Заложници“ на протест организиран секоја сабота од Форумот на семејства на заложници и исчезнати.
Актерот Лиор Ашкенази рече дека синоќешниот протест се одржал на 86-годишнината од Кристалната ноќ, споредувајќи го нацистичкиот погром од 1938 година со нападот на палестинскиот Хамас на 7 октомври 2023 година врз јужен Израел.
Зборувајќи на протестот, германскиот амбасадор во Израел, Штефен Зајберт, на хебрејски рече дека за некои израелски политичари „судбината на заложниците е само една од целите (на војната) и секако не примарна“.
Оваа негова изјава израелските медиуми ја оценија како не толку суптилна порака до членовите на непопустливата влада на Нетанјаху.
Амбасадорот рече дека зборува како претставник на својата земја и поради неговата одговорност кон заложниците кои имаат германско државјанство.
-Морам да признаам дека досега не успеавме да ги донесеме сите дома. Сите разговори со оние кои имаат влијание врз Хамас не се материјализираа, додаде германскиот амбасадор.
Меѓу другите, на протестот зборуваше и Долан Абу Салах, градоначалникот на Мајдал Шамс на Голанската висорамнина, каде што во јули беа убиени 12 деца во ракетен напад на Хезболах од Либан.
Протести со барање за ослободување на заложниците се одржаа во саботата вечерта и во Ерусалим и во Бершева и на нив присуствуваа стотици луѓе.
Се верува дека 97 од околу 250 заложници киднапирани на 7 октомври сè уште се во Газа, вклучувајќи ги и телата на најмалку 34 за кои израелската војска потврди дека повеќе не се живи.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари