Демонстрантите во Хонг Конг се судрија со полицијата
Полицијата за справување со нереди и демонстрантите се судрија денеска во Хонг Конг додека властите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола во округот Јуен Лонг, јави ДПА.
Полицијата повеќепати употреби солзавец на различни места во округот, каде што илјадници луѓе се собраа да протестираат против законот за екстрадиција и заради нападите врз демонстрантите од овој округ минатиот викенд.
Демонстрантите во близина на населбата Нан Пин Ваи, историски резиденцијална област, се бранеа со чадори и штитови, додека на други локации кренаа барикади од оградите за пешаци, за да спречат специјалните полициски сили да напредуваат.
Иако им беше фрлен солзавец многу демонстранти се подготвени да останат , опремени со вода, прва помош, шлемови и гас маски.
Полицијата претходно предупреди дека ситуаицјата во Лиен Лонг „се влошува“, додаде ДПА.
Ново на Сител
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата