Македонија
6. December 2016 - 17:44

Ден Дончев: Ќе ги преземеме сите потребни мерки Пензискиот фонд да биде стабилен

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата ВМРО за Македонијаза во ИЕ 1 Ден Дончев со мобилниот тим денеска оствари повеќе средби со граѓаните на Зелениот пазар, во автобусот број 27, како и на  повеќе локации во населбата Лисиче. 

- Основна задача на нашата економска програма е решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, истакна Ден Дончев. 
 
Со граѓаните, како што рече,  денеска зборуваме за проблемите со кои се соочуваат пензионерите, за дубиозите во пензискиот фонд и за буџетската зависност.
 
- Коалицијата ВМРО за Македонија ќе ги преземе сите потребни мерки Пензискиот фонд да биде стабилен, рече Дончев.