Ден на македонската револуционерна борба

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.
Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.
Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.
Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу, учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, почнал процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.
По повод Денот на македонската револуционерна борба, во НУ Македонски народен театар ќе се одржи свечена академија „Од идеја до држава“, на која обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски.
Собраниска делегација, пак, составена од пратениците Катерина Димитровска и Малиша Станковиќ, ќе положи цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена борец“ во Скопје, а во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија напладне, во 12:00 часот, ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година - за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.
За остварување во областа на културата и уметноста наградата ќе им се додели на Гоце Тодоровски, актер, Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни, Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар, како и на академик Божин Павловски, писател.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
-

Мицкоски: Нафта има, граѓаните треба да бидат спокојни, Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената
-

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе
-

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-

Седум години Ивана била тепана, малтретирана и навредувана од Стојанче, на денот на самоубиството се заканил дека ќе ја убие
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
