Ден на пролетта и ден на екологијата во Тетово
Со чистење на дел од градските улици, јавните простори околу училиштата и садење цвеќe, работниците на ЈКП „Тетово“ и учениците од тетовските основни и средни училишта се вклучија во одбележување на Денот на пролетта и Денот на екологијата. Градоначалничката Теута Арифи им се придружи на учениците во резеленувањето и украсувањето на кружниот тек во центарот на градот.
– Очекувам децата денеска што садеа посветено да се однесуваат кон својата околина и да ја чуваат од дополнително загадување. Апелирам до граѓаните одговорно да се однесуваат кон околината каде живеат и работат. Ние започнавме со расчистување на коритото на реката Пена од разниот смет во неа како и на реката во Порој а наскоро тоа ќе го направиме и со реката во Речица. Се надевам дека по една година нема да се повтори сегашната слика со смет и разни работи што луѓето ги фрлаат во реките, изјави Арифи.
Таа посочи дека наскоро општината ќе преземе потребни технички мерки да го стави во функција таканареченото градско дрво за прочистување на воздухот што повеќе од една година е вон функција.
Директорот на ЈКП „Тетово“ Џељал Цека, информираше дека по повод денешните активности за чистење и разлеленување на градот во употреба ќе биде ставена новата опрема набавена за потребите на претпријатието, што се состои од два трактори и нов петтонски камион за собирање и транспорт на смет, 150 контејнери, 15 специјализирани контејнери за отпадно стакло и комби возило.
Ново на Сител
-
Бугарскиот амбасадор повикан во МНРНТ, побарано дополнително објаснување
-
Во Велес и велешко за една година евидентирани 73 жртви на семејно насилство
-
Автопат кај Виена целосно под вода
-
МНР: Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието
-
Таравари: Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови
-
Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници
-
Мицкоски: Акцијата за даночно затајување е една од низата што ќе следуваат
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ