Ден на високи гости на „Македонски Блесок 11“

- Со демонстрирање борбени постапки и ситуации на припадниците на АРМ од четата на Воената полиција и ренџерската чета, кои беа дел од содржините за оценување на вежбата „Македонски Блесок-11”, денеска на Армискиот полигон „Криволак“ се реализира предвидената програма за Денот за високи гости.
Оценувањето се реализираше согласно Концептот за оперативни способности на НАТО (ОСС), а го спроведе оценувачки тим на АРМ, заедно со набљудувачи од различни команди на НАТО.
На Денот за високи гости присуствуваа заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, претставници од Канцеларијата за врски на НАТО, асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други високи гости.
Генерал-мајор Рацај нагласи дека вежбата „Македонски Блесок-11” е успешно реализирана и е постигната главната цел со успешното оценување на декларираните единици на Армијата на Република Македонија.
- Вежбата „Македонски Блесок 11“ претставува уште еден голем успех на АРМ и потврда за исполнувањето на стандардите на НАТО, потенцира Рацај.
Во текот на вчерашниот ден на командирите на оценуваните единици им е соопштена позитивната оценка од спроведеното оценување согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, која е во согласност со прикажаната обученост на припадниците на единиците.
Ново на Сител
-

Поскапува струјата - сметките ќе пораснат од 57 до 900 денари
-

Годишно обраќање на претседателката: Кочани тест за судството, без гаранции нема уставни измени за ЕУ
-

Поднесените измени на КЗ ќе ја паузираат расправата во Уставен - Костадиновски не очекува дискусија утре
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
-

Јаневска: Нема предвремен распуст поради загадувањето и зголемениот број на болни деца
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
