Ден на жалост во Италија
Во Италија е Ден на жалост, знамињата ширум земјата се на половина копје поради 284-те жртви на земјотресот, кој во средата го погоди централниот дел на земјата. Од загинатите 21 се деца.
Во оваа природна катастрофа повредени се повеќе стотици лица, а најмалку 2.500 останале без покрив над главата.
Во градот Асколи се одржува државен погреб и комеморација за дел од жртвите, на кој присуствува и италијанскиот премиер Матео Ренци и претседателот Серџо Матарела.
Некои семејства веќе ги закопаа жртвите. a некои тоа ќе го направат наскоро, на приватни погреби.
Потрагата по преживеани продолжува, иако од четвртокот не е најден ниту еден кој успеал да ја преживее оваа катастрофа. Градоначалникот на Аматриче изјави дека се исчезнати уште најмалку 15 лица, но нема потврда од Цивилната заштита.
- Ќе продолжиме да бараме и да копаме се додека не бидеме сигурни дека под урнатините нема никој, изјави Луиџи Ди Анџело, локален функционер од Цивилната заштита.
Ново на Сител
-
Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница
-
Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари
-
Номинираните за овогодишните „Оскари“ ќе бидат објавени денеска
-
Трипуновски: Охридското Езеро ќе биде порибено со милион единки подмладок на ендемичниот вид пастрмка
-
Обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ добија амнестија
-
Во Украина рации против шверцерите со оружје и муниција
-
Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
-
Продолжува растот на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово