Ден на жалост во Италија
Во Италија е Ден на жалост, знамињата ширум земјата се на половина копје поради 284-те жртви на земјотресот, кој во средата го погоди централниот дел на земјата. Од загинатите 21 се деца.
Во оваа природна катастрофа повредени се повеќе стотици лица, а најмалку 2.500 останале без покрив над главата.
Во градот Асколи се одржува државен погреб и комеморација за дел од жртвите, на кој присуствува и италијанскиот премиер Матео Ренци и претседателот Серџо Матарела.
Некои семејства веќе ги закопаа жртвите. a некои тоа ќе го направат наскоро, на приватни погреби.
Потрагата по преживеани продолжува, иако од четвртокот не е најден ниту еден кој успеал да ја преживее оваа катастрофа. Градоначалникот на Аматриче изјави дека се исчезнати уште најмалку 15 лица, но нема потврда од Цивилната заштита.
- Ќе продолжиме да бараме и да копаме се додека не бидеме сигурни дека под урнатините нема никој, изјави Луиџи Ди Анџело, локален функционер од Цивилната заштита.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изгаснати пет пожари на отворено, пронајдена една експлозивна направа во близина на Општина Чашка
-
МВР: Фатен крадец на дело во Куманово, следува соодветна пријава
-
Македонскиот пасош на 40. место во светот, без визи може да се патува во 129 земји
-
Борусија се повлече од трката за Рашфорд
-
Судот даде одобрение: Барселона ги регистрираше Олмо и Виктор!
-
Агенцијата за патишта во Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа во кои загинаа 45 македонски државјани
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Нов пожар избувна во Лос Анџелес, овојпат во Холивуд Хилс