Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад
Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.
Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски – возраста не е позната, јавуваат српските медиуми.
Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.
Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот. Според законот, Ден на жалост се прогласува по особено тешка несреќа што резултира со смрт, повреди или сериозно оштетување на здравјето на повеќе лица, или по смрт на висок државен функционер, пренесува Данас.
Ден на жалост може да се прогласи и по смрт на личност која има големи заслуги за земјата, како и поради некој трагичен настан, доколку Владата така процени.
Ново на Сител
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар