Дендиас: Грција го поддржува зачленувањето на Косово и Западен Балкан во ЕУ
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, кој денеска престојува во официјална посета на Приштина, порача дека неговата држава ги поддржува Косово и земјите од Западен Балкан во нивната намера да се зачленат во Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Според нашите последни анализи, ЕУ е конечната дестинација на Западен Балкан. Треба да разговараме за соработката од енергетски аспект. Грција е подготвена да му помогне на регионот. Ние целосно го поддржуваме дијалогот меѓу Приштина и Белград и постигнувањето законски обврзувачки договор, изјави Дендиас, изразувајќи им поддршка и на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС, како и на посредниците на ЕУ и САД во дијалогот, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар.
Шефицата на косовската дипломатија, Грвала изјави дека со нејзиниот грчки колега разговарале за економската соработка меѓу двете земји, како и за дејствијата што Косово ги презема за зачленување во ЕУ и во Советот на Европа.
Таа нагласи дека улогата на Грција е неопходна за намалување на тензиите со Србија и за нормализација на односите на Косово со таа соседна земја.
– Улогата на Грција е многу пожелна и неопходна во напорите за намалување на тензиите со Србија, со цел да настапи нормализација наместо ескалација. Денешната средба беше продолжение на низата средби во различни околности и со различни содржини. Со нетрпение ги очекуваме резултатите и наредните чекори во врска со темите кои ги дискутиравме денеска, изјави Грвала.
Дендиас допатува денеска во Приштина од Белград, каде што имаше средба со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. По средбата со Грвала, предвиден е работен ручек со косовскиот премиер, Албин Курти, а потоа и посета на грчките војници во рамки на Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР.
Ново на Сител
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
-

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Мисајловски: Следува нова ера во модернизацијата на македонската Армија
-

В недела продолжува судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху
-

За шест години во албанските затвори починале 139 осуденици, повеќето од здравствени причини, а 12 извршиле самоубиство
