Дендиас: Грција има стабилизирачка улога во Источниот Медитеран и на Балканот
Консолидација на мирот е наша примарна цел и на Западен Балкан, каде што Грција долго време се залага за евро-атлантска интеграција, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас за време на дигиталната конференција на Еврејскиот Институт за национална безбедност на Америка (JINSA), истакнувајќи дека Грција има стабилизирачка улога во Источниот Медитеран и на Балканот, јави дописничката на МИА од Атина.
Говорејќи за грчката надворешна политика, истакна дека главните цели се промовирање мир, стабилност, просперитет и партнерства и додаде дека земјата е посветена на решавање на сите отворени прашање врз основа на меѓународното и морското право.
Дендиас се осврна и на односите со САД, за кои рече дека се на највисоко ново досега, споменувајќи го Договорот за меѓусебна одбранбена соработка, за кој вели дека е „стратешки договор, бидејќи се однесува на унапредување на безбедноста и стабилноста во Источен Медитеран и на Балканот со зајакнување на американскиот отпечаток таму“.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости