Македонија
17. April 2024 - 12:31

Денешни активности на претседателските кандидати

А од активностите закажани за денеска, Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Чашка, Свети Николе централен митинг во Велес.

Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе биде во Дебар, Ростуше и централен митинг вечерва во Гостивар. 

Максим Димитриевски со ЗНАМ, ќе одржи средби со граѓани во Чучер-Сандево, Бутел, Чаир и во Гази Баба.

Таравари со коалицијата ВРЕДИ денеска ќе биде во Липково, а Бујар Османи веќе одржа прес конференција во партијата на Бошњаците. 

Стевчо Јакимовски денеска е во Струга, па во Охрид и централен настан во Битола каде што ќе одржи средба со граѓани.

Левица со Билјана Ванковска денеска почнува во Крушево а ќе заврши во Македонски брод.