Денеска е Источен Петок - Балаклија

Светол Петок, познат и како Источен петок – Балаклија, е петокот од Светлата седмица. Овој ден е посветен на прославувањето на Пресвета Богородица, која во богослужбите на Светлиот петок е наречена и Животоносен Источник.
Востановувањето на овој празник се случило во чест на чудата кои се случувале на изворот кој се наоѓал покрај храмот „Животоносен источник“, посветен на Пресвета Богородица, во близината на Цариград. Храмот бил изграден по залагањето на царот Лав Велики во 5 век.
Според преданието, уште додека не бил цар на Византија, во ближната шума Лав наишол на еден слеп човек, кој го довел до изворот на кој го измил и му дал да пие од водата, по што слепиот прогледал. Кога станал цар, на местото каде што се случило чудото, ѝ изградил храм на Пресвета Богородица, во знак на благодарност кон неа. Набргу после тоа, многуброен народ започнал да доаѓа во тој храм од сите страни, барајќи и наоѓајќи лек за многуте болести. Меѓу нив бил и подоцнежниот цар Јустинијан Први во 6 век, кој примајќи исцеление на тој извор, го обновил и проширил храмот кој бил срушен по земјотресот.
Царевите Василиј Први Македонец (9 век) и неговиот син Лав Шести Мудриот (9-10 век) повторно го обновувале храмот и изворот, од кои се точеле голем број исцеленија за народот и византиската аристократија.
Во синаксарот на овој празник се спомнуваат многубројните исцеленија, но и воскресението на еден мртовец, како чуда кои се случиле на храмовиот извор. Кон овој извор прибегнувале и исцеление добивале болните од беснило, тумори и рак, грозница, неплодност, како и болните од очни и душевни болести.
Историјатот на оваа светиња и денешниот празник го запишал Никифор Калист во 14 век. На иконата на празникот се слика Богородица со Богомладенецот, над изворот, кон кој притекнуваат слепи и хроми луѓе, цареви и свештеници. Манастирските извори (источници) со питка вода најчесто се посветени на овој празник. Постои традиција секоја година на овој ден, по отслужената Литургија и молебен кон Богородица, да се изврши и мало осветување на вода, со која верните ќе се мијат за да добијат исцеление од многуте болести со кои се соочуваат.
Ново на Сител
-

Пад на интересот за студирање во Србија, најавено и зголемена школарина од идната студентска година
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
-

Голем пожар избувна вчера во Радовиш - гореле погони и машини во поранешен „Декортекс“
-

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“
-

Денеска времето сончево и топло
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
