Македонија
31. March 2018 - 12:16

Денеска е Лазарева сабота - не заборавајте на децата да им ги направите овие две работи

Лазарева Сабота или Лазарица се празнува во спомен на Лазаревото воскресение.

Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина…

Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица. Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Со оглед на тоа дека овој празник е во време на велигденските пости, возрасните треба да се воздржуваат - се верува дека не е добро на Лазарева сабота да се игра и пее.

Според верувањата на децата треба да им се купат ѕвончиња кои ќе ги носат околу вратот, а на раката да им стави гранче од врба.