-->
-->
Денеска е Преподобен Јоаникиј Велики
-->
Црквата ретко дава некому назив Велик. А кога свеста на соборната личност, т.е. на Црквата, ќе го даде некому овој назив, значи дека се работи за извонреден светител. Една таква извонредна светлина за светот беше овој преподобен Јоаникиј. Се роди во Витинија, во селото Мариката. Како момче беше овчарче и уште тогаш го засака молитвеното тихување. Подоцна се замонаши во еден манастир на Олимп, во Мала Азија и помина 50 години во подвиг. Од Бога доби големи дарови: ги лечеше сите маки и болести, изгонуваше демони, скротуваше ѕверови, преминуваше преку вода како по суво, ги предвидуваше идните настани. Проживеа 94 години и мирно се успокои во Господа, во 846 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај