-->
-->
Денеска е Преподобен маченик Никон и 199-те ученици.
-->
Свети Никон беше родум од Неапол. Татко му беше незнабожец, а мајка му христијанка.
Таа и го воспита во Христовиот дух. Како помлад тој беше офицер во римската војска, а подоцна ја напушти војската и се повлече во еден манастир при кизичкиот епископ Теодосиј, во Азија.
После смртта на Теодосиј, неговата катедра ја наследи Никон. Подоцна Никон се пресели на Сицилија заедно со девет свои другари уште од војската и таму многумина привлече кон Христа.
Беше погубен, заедно со своите 199 ученици, во времето на прогоните на императорот Декиј. Единствената вина на овој славен и беспрекорен маж беше неговата силна и цврста вера во Христа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет
-
Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија
-
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите
-
Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција
-
Роднина со пиштол под закана го држел во заложништво барајќи да го вработи и да му препише возило
-
Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев
-
Во Брисел утре состанок на министрите за надворешни работи на НАТО