-->
-->
Денеска е Свети Јован Залтоуст - што треба да направите за благосостојба и среќа
-->
Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа. По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград. Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата. Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.
Се смета дека денеска не се важни парите и материјалните нешта, туку нешто друго. Денеска секој верник треба да земе книга во рака, и да прочита барем дел од неа.
Не смеат во рака да се земат конци, волна и игли. Светецот не сака денеска на неговиот празник да се работи, туку сите подеднакво да уживаат.
Доколку сте скарани со некој, простете. Се верува дека кој ќе прости, ќе му се врати со благосостојба и среќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО