Свет
22. April 2022 - 11:30

Денеска нема хуманитарни коридори за евакуација на цивили во Украина

Украинските власти соопштија дека денеска повторно нема да има евакуација на цивили во земјата, бидејќи ситуацијата околу хуманитарните коридори е „премногу опасна“.

 

– Поради опасноста на рутите, денеска нема да има хуманитарни коридори, напиша на социјалните мрежи украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Таа апелираше до сите што чекаат евакуација да бидат трпеливи.