Македонија
14. јуни 2020 - 9:17

Денеска откриени над 60 мигранти на јужната граница

Група од 14 мигранти попладнево се фатени во Удово, општина Валандово од страна на граничната полиција, Регионален центар Југ. Мигрантите се од Бангладеш.

Според извори на Сител од граничната полиција само во текот на денешниот ден во близина на Гевгелија се откриени вкупно 62 илегални мигранти. Од нив 30 се од Авганистан , 20 од Бангладеш, 8 од Пакистан, 3 од Ирак и 1 од Палестина. Граничната полиција заради корона вирусот работи во вонредни услови. Во моментов 8 полицајци се позитивни на Ковид 19, а уште 8 се во изолација.

 

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова