Денеска променливо облачно, од утре сончево и потопло
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сонце во попладневните часови. Преку денот ќе дува претежно југоисточен ветер, а во североисточните делови ветерот ќе биде од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од четири до осум степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повеќе сонце во попладневните часови. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до седум степени.
И утре ќе се задржи променливо облачно време. Од вторник облачноста ќе се намалува, а потоа ќе преовладува претежно сончево време. Дневната температура ќе почне да се зголемува. Утринските температури најпрво ќе опаѓаат, најстудено ќе биде наутро во вторник и во среда, а потоа ќе бидат во благ пораст. Во средината на неделата ќе дува северен ветер кој во среда долж Повардарието повремено ќе засилува.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?