Денеска првиот снег во Македонија и дожд над 50 литри на квадрат

Врнежи од дожд и над 50 литри на метар квадратен на одредени места и повремен снег на највисоките планински врвови, најави за денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Врнежите од дожд ќе започнат од раните утрински часови во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен. Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 13 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Утре претпладне врнежите ќе престанат и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури, кои в недела ќе се движат од 14 до 20 степени.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
