Фудбал
15. March 2024 - 9:18

Денеска се одржува ждрепка за четвртфиналето на ЛШ

Денеска во Нион ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите. Извлекувањето започнува напладне.

Во шеширот се следните осум екипи: Арсенал, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Еден час подоцна ќе започне ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лига Европа.

Во шеширот се Аталанта, Рома, Баер Леверкузен, Ливерпул, Бенфика, Милан, Марсеј и Вест Хем.

Ждрепката за четвртфиналето на Конференциската лига започнува во 14 часот.

Во оваа фаза од натпреварувањето се пласираа Олимпијакос, Лил, Клуб Бриж, Астон Вила, Викторија Плзен, ПАОК, Фиорентина и Фенербахче.