Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа с ? двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1 - 5). Но како што еден од Дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господ така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, но не со намера за предавство туку според човечка немоќ и маловерност (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол така и овие места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на истото дело како и Дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на Дванаесеттемина во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот.
Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда вера и ревносна љубов кон воскреснатиот Господ ги направија победници на светот и наследници на Небесното Царство.
Тропар
Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог да ни подари простување на нашите согрешенија.
Евнухот на царицата Кандакија
Овој црнец и евнух прими Крштение од Светиот апостол Филип (Дела 8, 26 - 40). По ова се врати дома и почна да Го проповеда Христа. Тој беше првиот апостол меѓу црнците во Етиопија. Заврши маченички и се удостои со Царството Божјо.
Преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец
Како млад им се налути на родителите и пред Турците изјави дека ќе се потурчи. Веднаш потоа се покаја за тие зборови, отиде во Хилендар и се замонаши. Го мачеше совеста и се одлучи за мачеништво. Со благослов на неговиот духовник појде во Трново пред Турците и се објави како христијанин, го исмеа Мухамед и за ова го заклаа на 4 јануари 1818 година во триесет и втората година од неговиот живот. Телото на овој духовен витез не е сочувано, зашто Турците го фрлија во морето.
МИА
Ново на Сител
-

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени
-

Зеленски: Следните мировни преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март
-

Oткриен обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички во вредност од 1,2 милион денари
-

Дала 2.700 евра а барала да се вратат 15 илјади евра, уапсена 53 годишна лихварка во Струмица
-

Дете извадило нож во ОУ „Киро Глигоров“, мајката потпишала изјава дека ножот во ранецот го ставила по грешка
-

Милошоски: Сега е вистинското време за нов стратешки пристап кон проширувањето на Европската Унија
-

Претседателката Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бегај
-

Почина проф. д-р Кита Бицевска, истакнат македонски филолог и професор по славистика
