Денеска во Скопје над 80 заразени со коронавирус
Неофицијално и денес се очекуваат високи бројки на заболени од корона. Според скопскиот Центар за јавно здравје до овој момент се очекуваат високи бројки. Според досега обработените податоци во Скопје има над 80 позитивни тестови, но се уште се чекаат тестови и од други две лаборатории.
За час до два се очекува да бидат објавени резултатите од тестовите за коронавирусот.
Болничките капацитети се полнат, до вчера од официјалниот извештај на Министерството за здравство има 328 позитивни на болничко лекување.
Лоши вести се тоа што во градската општа болница „8 септември“ има 38 позитивни вработени.
Во градската болница „8 Септември“ има најмногу пациенти вкупно 120 на болничко лекување, а на Инфективната клиника капацитетот е скоро пополнет.
Со уредба владата дозволи и приватните здравствени установи да третираат пациенти зразени со корона вирус.
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември