Македонија
18. January 2024 - 13:31

Денеска во Тетово се фрлаше крстот на Водокрст | ВИДЕО

Започнаа да се чествуваат богојавленските празници во Тетово. Традицијата специфична за Тетово и годинава се одбележа со спуштање на светиот крст во црковниот базен во православниот храм Света Богородица.

По крстот скокнаа тројца тетовци , 46 годишниот Сашо Стојков, 45 годишниот Горан Анѓелковски и 26 годишниот Нинослав Дамјановски. Осветениот крст го фати Сашо Стојков.