-->
-->
Денот на револуционерната борба одбележан во Делчево
-->

Пред споменикот на Гоце Делчев, великанот и патрон на градот Делчево денеска се одбележа 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. Претставници на општината и Советот на Општина Делчево, предводени од претседателот на Советот Драган Маневски, како и претставници на институции, политички партии, здружение на пензионери и граѓани положија свежо цвеќе и се поклонија пред ликот на Гоце Делчев, оддавајки им почит на сите припадници на МРО и она што тие го направиле за македонскиот народ и држава во минатото.
Како што истакнаа претставници на здружението на пензионери ова е значаен датум кој значи почеток на македонската организирана револуционерна борба.
- На денешен датум почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден и Крушевската Република преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава, истакнаа од здружението.
Во рамки на настанот пригоден реферат за значајниот датум подготвија членовите на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево. Денешниот датум со пригодни активности се одбележа и во соседните општини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
-

Преглед на вестите од светот
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
