Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј одбележан во Рим
Во чест на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, 24 Мај, денеска во базиликата Сан Клементе во Рим, делегации на Република Македонија и Република Бугарија, положија цвеќе на гробот на Св. Кирил.
Делегациите, како што информираат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, ги предводеле вршителите на работи во амбасадите на Република Македонија при Светиот Престол и Република Италија, Александар Спирковски и Магдалена Димова, како и нивните хомолози од бугарска страна, амбасадорите Богдан Паташев и Тодор Стојанов. Беа присутни и вработените во амбасадите, а на делегациите им посака добредојде отец Стивен Хачинсон, јереј во базиликата Сан Клементе.
Шефовите на делегациите одржале кратки пригодни говори, при што било истакнато одбележувањето на 1151-вата годишнина од смртта на Св. Кирил во Рим, неговиот историјат, значењето на светите браќа просветители за целокупната словенска писменост, но и за историјата и доближувањето на македонскиот и бугарскиот народ, како и основата што ја создаваат за градење на добрососедските односи и во иднина.
Од страна на македонската делегација на гробот на Св. Кирил е положен венец во име на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, како покровител на годинешната манифестација – Денот на Св. Кирил во Рим, а сите присутни дале пригодна почест и на олтарот во базиликата, каде денес е положен фрагмент од моштите на Св. Кирил.
Заради актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19, традиционалните манифестации поврзани со одбележувањето на Денот на Св. Кирил во Рим, се одложени за подоцна, во текот на годината, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ бара Судски и Советот на јавни обвинители да го преиспитаат предметот за Теодора
-
Истражување: Секоја петта објава на политичките партии содржи штетен наратив
-
Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните трошоци
-
Секоја втора жена не работи
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче