„Денови на македонскиот мед“ во Скопје
Повеќе видови мед и пчелни производи од пчелари од цела Македонија ќе бидат изложени на 12. манифестација „Денови на македонскиот мед“, која од денеска до недела ќе се одржува на улицата „Македонија“ во општина Центар.
Организатор на манифестацијата е пчеларското здружение „Матица“ од Скопје. Посетителите ќе имаат можност за директни контакти со пчеларите и да добијат совети како да се препознае квалитетен мед. Традиционално е предвидена дегустација за амбасадорите во државата и избор на највкусен мед, како и учество на основци од училиштата во општина Центар.
Во Македонија постојат над 8.000 пчелари со над 260.000 пчелни семејства. Годинава, според сознанијата на Пчеларската федерација, просекот на добиен мед е многу слаб со само 1,8 килограми презимено пчелно семејство и 7,3 килограми од селидбено пчеларење.
Според статистичките податоци, во Македонија на годишно ниво се троши само 700 грама мед по глава на жител, во Германија потрошувачката е 9, а во Јапонија 16 килограми. Кај нас, посочуваат од федерацијата, медот се користи како лек, а во другите држави претставува храна.
Ново на Сител
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот