Денови на современа бугарска книжевност во Македонија

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска беше отворена манифестацијата „Денови на современа бугарска книжевност во Македонија“, која НУБ ја организира заедно со Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ од Софија со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Директорите на националните библиотеки на Македонија и на Бугарија Иван Заров и Красимира Александрова потпишаа нов договор за продолжување и интензивирање на соработка и ја отворија изложбата на книги, преведени од бугарски на македонски јазик во последните две и пол децении.
- Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ веќе трета година по ред иницира манифестација која стана традиционална и преку која се промовираат најактуелните книжевни остварувања, дострели и тенденции на националните книжевности на соседните народи на македонски јазик и македонската книжевност е претставена на јазиците на соседните народи, рече директорот на НУБ „Св.Климет Охридски“ Заров.
Тој додаде дека во рамки на манифестацијата пред македонската публика ќе бидат претставени најрепрезентативните дела на бугарската книжевност. Направен е избор на автори, кои се преведени на македонски јазик и издадени во периодот од осамостојувањето на Република Македонија до денес.
Директорката на националата библиотека во Софија Красимира Александрова истакна дека библиотеките го претставуваат книжевното наследство на Македонија и Бугарија.
Утре ќе биде организирана книжевна средба со три современи бугарски авторки - Силвија Томова, Вања Аврамова и Поли Муканова, кои ќе читаат извадоци од своите дела, а осврт за бугарската книжевност ќе има поетот и книжевен критичар Бранко Цветкоски. По книжевната средба ќе следува и трибина на тема „Читаност и афирмација на македонските и бугарските автори во други културни средини“, со учество на писатели, преведувачи, издавачи...
На манифестацијата присуствуваа бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков, академици, писатели, студенти.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
