-->
-->
Дербито Вардар – Работнички ќе се игра од 18 часот
-->

Во Првата македонска фудбалска лига утре (среда) на програмата се натпреварите од 25.коло.
Големото градско дерби меѓу Вардар и Работнички кое утре ќе се игра на арената „Филип Втори’’ во Скопје, ќе започне во терминот од 18 часот, а главен арбитар на оваа средба ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје.
Од останатите натпревари кои ќе започнат од 16 часот, го издвојуваме дуелот кој ќе се игра на стадионот вцо Чаир, каде второ пласираната Шкендија е домаќин на Силекс кој е на третото место на табелата.
Во Турново, Хоризонт ја пречекува екипата на Шкупи. Фудбалерите на Реанова кои своите натпревари како домашини сезонава ги играат во Кичево за противник ја имаат екипата на Младост Ц.Д., а во последниот меч во Кочани, штипска Брегалница ќе ја угости последно пласираната екипата на табелатса Металург.
Табела: Вардар 61 бодови, Шкендија 56, Силекс 37, Шкупи 34, Работнички 33, Хоризонт Турново 27, Брегалница 26, Ренова 25, Младост 16 и Металург 13.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
