Loading Video...
Фудбал
31. August 2022 - 19:51

Дербито за Струга ТЛ, Шкупи остана без тренерот Седлоски

Во Струга се одигра вистинско дерби за врвот кое на крајот му припадна на поснаодливиот тим и Струга Трим Лум го совлада Силекс со 2-1. 
Резултатот беше отворен во првиот дел кога Бесарт Ибраими заработи удар од белата точка и успешно го реализира за водство на домашниот тим. 
Во продолжението од мечот и двете екипи имаа свои шанси за гол но не ги искористија се до средината на вториот дел кога Ристовски постигна гол за Силекс и го израмни резултатот. 
Сепак  Стружани успеаја да се соземат и во 83-тата минута капитенот Шабани го постигна голот  што ја донесе и петтата победа за неговиот тим во првенството  но и првиот пораз на гостите од Кратово. 
Уште едно слабо издание на шампионот Шкупи кој одигра само 1-1 со прилепска победа која го освои својот прв бод во првенството. 
Домаќинот го отвори резултатот во 81-та минута со голот на Реналдо но радоста траеше само три минути кога Галевски успеа со прекрасен погодок да го израмни резултатот на конечни 1-1. 
Според информации од клубот тренерот на екипата Гоце Седлоски по мечот поднел оставка