Деркоски: ДИК подготвена за вториот круг од гласањето
Без никакви проблеми доставени се сите изборни материјали до сите изборни комисии и Државната изборна комисија е подготвена за вториот круг од претседателските избори, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
– Утре ќе гласаат 1.640 затвореници, како и околу 4.540 лица пријавени како болни и немоќни и седум раселени лица, утре ќе може да го остварат своето право на глас, изјави Дерковски.
Вкупно акредитирани лица за вториот круг на претседателските избори се 4.250 лица, информира на денешната јавна седница претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.
ДИК на денешната 37. јавна седница ги прифати сите барања за акредитации за домашни и странски медиуми и набљудување на претседателските избори од домашни и странски организации.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, изјави дека акредитирале 3.381 лице за домашни набљудувачи и околу 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари.
Во првиот дел на кампањата од она што го има ДИК како податок потрошени се 48 милиони денари за исплата на медиумите, согласно нивните доставени програми и тие се исплатени.
– Во првиот дел одобрени ни се 100 милони денари. Потрошени се околу 48 милиони. Остануваат уште некои техникалии, но не очекувам тоа многу да ги промени крајните бројки. Сите податоци ќе бидат јавно објавени на нашата веб страница и ќе може да видите кои медиуми колку потрошиле, изјави Дерковски.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор