Десет компании добија признание „Македонски квалитет 2017“
ФХ3Х, Чеза Комерц, Конто Профит, Процес Ин, Вработување.ком, Пост Експрес Македонија, Агроунија, Антариас, ПУ Поликлиника тоспаш и Женскиот младински хор при МКЦ се годнашни добитници на признанијата „Македонски квалитет 2017“ што ги доделува Сојузот на стопански комори на Македонија, под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Признанијата се доделуваат на компании кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис идентите и кои покажале резултат во изминатите пет години.
- Македонските инвеститори се економски амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет. Изминатата година имаше бројни предизвици приватниот сектор. Сакаме да веруваме дека пред нас е година на интернационализација на македонскито квалитет ширум светот, на можност за инвестиции во човечки ресурси, модерни технологии и напредни процеси неопходни за општествен и економски развој. Растот на домашните инвеститори во поволен амбиент, значи раст на вкупната економија, рече претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска на денешното враќување на 10-те признанија.
Претседателот Иванов рече дека овие 10 компании неуморно работат за да му покажат на светот дека големината на една земја не го ограничува потенцијалот за да создаде успешни светски брендови.
- Најдобро е кога други зборуваат за вашиот бренд, а вие сте препознатливото лице на економијата на нашата држава, порача на добитниците претседателот Иванов.
Според него, зад ова признание стои огромна работа, посветеност и визија за промоција на квалитетот и македонската традиција.
Порача дека како општество ќе успееме само ако стекнеме навика да создаваме квалитет и додаде дека на светскиот пазар фирмите мора да бидат препознатливи по одличниот квалитет, конкурентната цена, зашто таму нема толеранција за импровизација.
- Комбинирајќи го економскиот развој и македонскиот идентитет вие создавате национален успех со кој се гордееме. Со поддршка од државните институции, бизнис секторот забрзано ќе не движи во нова декада на успешна Македонија, истакна Иванов.
Посочи дека македонската економија не е голема, но затоа е отворена.
- Ако сакаме да го одржиме долгорочениот раст и развој, неопходни се неколку чекори. Пред се, потребно е да ја поддржуваме извозната ориентација на домашните компании. Понатаму, ако мудро менаџираме со националните ресурси, ако ги унапредуваме домашните бизниси и истовремено вложуваме во одржливост и унапредување на странските инвестиции во земјата, ќе оствариме успех, рече Иванов.
Оцени дека ова признание е дотолку позначајно бидејќи се доделува во период кога и светската, европската, па и нашата македонска економија се уште се соочуваат со последиците од глобалните кризи и предизвици.
Манифестацијата „Македонски квалитет“ се одржува секоја година во знак на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските инвеститори за тековната година.
Ново на Сител
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа
-
Перински: Јавниот повик за општините веднаш по ребалансот на Буџетот, на располагање ќе ги имаат првите 100 милиони евра
-
Оливер Зафировски назначен за директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје