Десет лица повредени во сообраќајки во Скопје
Десет лица се полесно повредени во шест од вкупно десет сообраќајни незгоди што се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Во изминатото деноноќие 15 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, а сообраќајната полиција исклучила од сообраќај исто така 15 возачи од кои 12 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и тројца почетници. Од сообраќај се исклучени и 11 возачи кои возеле нерегистрирани возила.
Мерки се изречени и против пет возачи кои поминале на црвено светло, против двајца за непрописно престројување и четворица за неправилно престигнување.
За непрописно паркирање изречени се мерки против 113 возила, а со специјалното возило пајак подигнати се 81 возило.
Мерки се изречени и против четворица пешаци кои поминале улица надвор од пешачки премин.
За денес се закажани едукативни работилници во ООУ-„Димитар Поп Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари