Десет сообраќајки во Скопје, седум лица завршија во болница
Сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на 10 сообраќајни несреќи, од кои пет се со материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.
Во текот на изминатиот ден, посочи тој, по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се 24 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи за време на управување на возилото биле под дејство на алкохол, шест возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, пет возачи управувале нерегистрирано возило, како и пет лица биле без возачка дозвола.
Затекнати се 35 непрописно паркирани возила и тројца пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 78 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР - Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Мајски цвет“, објект „Тафталиџе 1“, која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори