Десет загинати во напад на Центар за рехабилитација од зависности во Мексико
Најмалку десет лица загинаа кога вооружени лица отвориле оган во Центар за рехабилитација од зависности во мексиканскиот град Ираупато, соопшти денеска владата на државата Гуанахуато, пренесоа британските медиуми.
Според првичните резултати од истрагата, во нападот учествувале тројца неидентификувани напаѓачи.
Полицијата го испитува и убиството на тројца мажи во одвоен вооружен напад во градот Селаја, југоисточно од Ирапуато, пренесуваат британските медиуми.
И покрај мерките на ограничување, воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, убиствата во овој дел од земјата продолжија да бележат рекордно ниво.
Оваа област, во централниот дел на Мексико, стана еден од епицентрите на насилството во земјата, што претседателот Мануел Лопез Обрадор вети дека ќе го задуши.
Центрите за рехабилитација веќе беа цел на напади на криминални групи кои се борат за доминација во трговијата со дрога. Во септември 2017 година, најмалку 14 лица загинаа, а неколкумина беа повредени, во напад на припадници на банда врз Центар за рехабилитација од зависности во градот Чивава, во државата со истото име, во северно Мексико.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава