Десетици луѓе загинаа во поплавите во Кина
– Во поплавите во југозападна и северозападна Кина досега загинаа десетици луѓе, а загрозени се илјадници други, јавија денеска локалните медиуми. Во југозападната провинција Сечуан, најмалку шест лица загинаа, а уште 12 се водат како исчезнати откако обилните дождови предизвикаа поројни поплави и принудија околу 1.300 луѓе да се евакуираат.
Во меѓувреме, во градот Лонгнан во северозападната провинција Гансу, се пријавени уште шест смртни случаи, а 3.000 луѓе биле евакуирани. За два дена во најпогодените подрачја наврнале дури 98,9 милиметри дожд, што е речиси двојно повеќе од јулскиот просек.
Дождовите доаѓаат во услови на топлотен бран во делови од земјата, вклучително и во источната провинција Жеџијанг и градот Шангај, а температурите минатата недела достигнаа 42 степени. Експертите велат дека ваквите екстремни временски настани стануваат се поверојатни поради климатските промени.
Потоплиот воздух може да содржи повеќе влага, што доведува до повеќе врнежи.
Ново на Сител
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана