-->
-->
Десетици убиени во саудиски воздушен напад во Јемен
-->
Најмалку 23 лица биле убиени во денешните напади на саудиското воздухопловство врз пристаништето Ходеид во државата Јемен.Јеменски медиуми јавуваат дека бомбите погодиле бензинска станица и предизвикале пожар на градски пазар. Саудиска Арабија неодамна даде дозвола ова стратегиски важно пристаниште да биде повторно отворено за доставување на храна и хуманитарна помош за изгладнетото јеменско население.
Иран и Саудиска Арабија водат индиректна војна во Јемен, при што Саудијците ја поддржуваат сунитската влада која го држи пристаништето Аден и централниот дел на земјата, додека Иран им помага на герилските одреди на шиитското Хути население, кое ги контролира западниот дел на Јемен и главниот град Сана.
Ходеид е во шиитскиот дел на земјата, каде што хуманитарната состојба е и најкритична. Саудиска Арабија вели дека ембаргото врз јеменските пристаништа е неопходно, особено откако Хути одредите истрелаа два балистички проектили кон саудискиот главен град Ријад. Според САД и Саудиска Арабија, овие проектили биле прошверцувани во Јемен од Иран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
