Десетици загинати во стампедо на верски фестивал во Израел
Десетици луѓе загинаа во голем метеж на верски фестивал во Израел, соопштија здравствените работници. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече несреќата – „голема трагедија“.
Според првичните извештаи, загинале повеќе од 40 лица, а над 100 се повредени, од кои многумина се во критична состојба.
Несреќата се случила кога групи ултраортодоксни Евреи во голем број поминале низ гробница на мудрец од вториот век, рабинот Шимсон Бар Јочаи, за време на комеморациите кои вклучувале бдеење, мистични песни и танцување.
Очевидци велат дека луѓето се задушиле или биле прегазени во тесни премини.
Претставници на брзата помош го опишаа инцидентот како „стампедо“ и рекоа дека 103 лица се повредени, од кои многу се со смртни повреди.
Локалниот Канал 12 објави дека има 40 загинати, а очевидци додаваат дека меѓу нив има и деца. Весникот „Харец“ информира дека има најмалку 44 загинати и оти 38 лица се во критична состојба.
Гробницата Маунт Мерон се смета за едно од најсветите места во еврејскиот свет и секоја година го посетуваат многу верници.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
